| четврток, 6 декември 2018 |

Германка нуди 30 илјади евра како награда за нејзината загубена чанта

Германка објави оглас во дневниот печат дека изгубила чанта и нуди награда од 30 илјади евра, а самата цена на огромниот оглас е фасцинантна, бидејќи чини 24 илјади евра. Таа пишува дека ја бара сива рачна чанта марка „Бриони“ заедно со целата содржина.

Чантата ја загубила на 4 ноември со суши ресторанот „Токио“ на главната железничка станица во Берлин помеѓу 12.40 и 12.55, а како контакт ја нуди нејзината мејл адреса.

Според неделникот Шпигл, сопственичката на чантата е жена на 50 години, а во чантата имала семеен накит и важни документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top