| четврток, 6 декември 2018 |

Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена

На денешен ден во 1991 година, фудбалската репрезентација на Југославија го одигра својот последен официјален натпревар.

Пред 26 години некогашниот светски гигант, на гости ја совлада селекцијата на Австрија со 0-2, со што обезбеди учество на Европското првенство во Шведска, наредната година, но поради војната на овие простори, Југославија беше санкционирана и исфрлена од европскиот собир.

Тогашната селекција беше предводена од легендарниот стратег Ивица Осим, а на мечот против Австрија во тимот имаше и двајца Македонци – Илија Најдоски и Дарко Панчев. „Кобрата“ мечот го започна од првата минута, додека големиот борец Најдоски им беше резерва на Фарук Хаџибегиќ и Дарко Миланиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top