| четврток, 6 декември 2018 |

Од 12 јули повторно ќе ја гледаме Југославија

Планот на Берлин за Западен Балкан, агендата „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската унија, туку само показател за силната посветеност на земјите-членки, а особено на Германија, за натамошните инвестиции и ангажмани во регионот, изјави вчера еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
Хан, по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласи дека е благодарен на секоја идеја што може да им помогне на земјите од Западен Балкан, додавајќи дека би бил уште поблагодарен кога тоа не би било само идеја, туку кога би биле употребени одредени финансиски средства.
– Мило ми е што слушам за постоењето на такви идеи и се радувам на новите можности со кои тоа може да се финансира. Важно е да се насочат инвестициите во вистинскиот правец, со цел тие да не се рашират во различни насоки – наведе Хан.
При тоа, Хан нагласил дека е важно оваа програма да поттикне нови вложувања во регионот. Се претпоставува дека на самитот на „Берлинскиот процес“ закажан за 12 јули во Трст, ќе биде формирана Царинската унија на регионот, што, според Хан, треба да биде составена од пазар од 20 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top