Гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори се одвива непрекинато и без проблеми и дo
17 часот на гласање излегле 34,9 проценти од запишаните избирачи. Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на пресконференција информира дека до 17 часот од вкупо запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.
Првичните резултати од гласањето, како што посочи Гугучевска, ДИК ќе ги објави на веб странцата rezultati.sec.mk по 19 часот откао ќе бидe завршени броењето и сумирањето на гласовите.
Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност доколку е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.
На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот