| четврток, 6 декември 2018 |

Левандовски останува во Борусија Дортмунд

Роберт Левандовски останува во Борусија. Ова го соопшти генералниот менаџер на клубот Ханс-Јоахим Вацке.

Сагата околу полскиот интернационалец заврши. Медиумите шпекулираа дека тој ќе премине во редовите на актуелниот европски шампион Баерн Минхен, но од таму не е стигната никаква официјална понуда.

За младиот Левандовски, исто така, беа заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси.

Во досегашните 98 настапи за тимот од Дортмунд Левандовски постигна 54 гола во сите натпреварувања вклучувајќи ги и четирите против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој е првиот фудбалер што постигнал четири гола во полуфинале на еден меч во ова натпреварување.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top