Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека притисоците, заканите, уцените и дивеењето на СДС кое беше присутно пред изборите и за време на изборите продолжува.-И во вакви едни услови ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиционите партнери за време на изборите ја доби мнозинската поддршка од граѓаните на Гази Баба на советничката листа освојувајќи мнозинство на советници, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој кажа дека алармантноста на силеџиството од страна на структури блиски до СДС ги принудува јавно да го соопштаат она што се случувало во текот на вчерашниот ден при конституирањето на советот.
-Имено вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го во предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори. Имено додека траеше конститутивната седница посетен е домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им било испратена директна закана, цитирам: „Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели“, изјави Бојковски.
Бојковски кажа дека е фрапантно, до таму стигнаа, наместо проекти и дела, СДС сака да владее со молотови коктели и страв.
-Крајно недемократски и одлика на една заробена држава. Истиов случај е пријавен во полиција и ги повикуваме институциите да го расветлат во најбрз можен рок, во спротивно ќе сметаме дека тие стануваат заштитници на силеџиството. Вчера советниците не подлегнаа на заканите и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери го формираше мнозинството на советот. И ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе работи во интерес на граѓаните на Гази Баба и ќе биде остар критичар на сите непопуларни мерки и коректив на работата на градоначалник од СДС, Борче Георгиевски, изјави Бојковски.
Тој кажа дека граѓаните не се плашат. Порака до СДС, со закани и уцени не се владее. Кој се обидел со страв да владее брзо бил поразен од народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.