Милан Кесиќ, поранешниот маж на Дара Бубамара, скоро две години ужива во љубовта со својата девојка Марија, со која почнал да се забавува додека бил во брак со пејачката.
-Марија и јас се запознавме преку пријатели, веќе долго сме заедно, многу пред Дара да си најде момче. Кога сфативме дека нашит брак е завршен, двајцата бевме слободни да правиме што сакаме. Јас веднаш и кажав на Дара дека сум заљубен, таа е упатена во се што правам. Мојата девојка Марија не ги сака медиумите и сето она што се случува околу Дара и мене и е чудно. Затоа не сака да се експонира – рекол Милан.
Кесиќ живее во Франција, а во Србија доаѓа повремено за да го посети синот Коста и девојката Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.