Милан Кесиќ, поранешниот сопруг на Дара Бубамара, проговори за нивниот однос.
-Дара и јас се познаваме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Малку е тешко да го објаснам тој наш однос, доста е специфичен. Вистината е дека Дара и јас никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашиот однос се засниваше на пријателство и почитување. Постоеше и страст меѓу нас, кога Дара забремени, по што се венчавме. Меѓутоа последните 2,5 години од бракот немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во одвоени соби. Таа, како и секоја жена мораше да излегува, да запознае некого. Мене тоа не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука- раскажал Кесиќ.
За поранешната жена има само пофални зборови, и како што вели, го боли кога ќе слушне кога за Дара се зборува лошо.
-Меѓу првите дознав дека Дара почнала да се забавува со сегашното момче, таа тоа ми го кажа. Не сум го запознал, но немам ништо против нив. И јас имам девојка. Ја запознав преку пријатели и тоа многу пред Дара да си најде момче. Дара е многу позитивна личност, прекрасна и чесна- рекол Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.