Јавните комунални претпријатија на Град Скопје со најголемиот дел од својата механизација и работници во наредните три дена ќе интервенираат во области кои се во нивна надлежност, како што се акции за кастрење на гранките на дрвјата, санирање на ударните дупки на улиците, акции за чистење на зелените површини и улиците, интервенции во насока на подобрување на водоснабдувањето и слично.
– Паралелно со овие активности на градските јавни претпријатија ќе се одвиваат и средбите со претставниците на урбаните и месните заедници од општина Аеродром. На овие средби тие, како главен коректор и оценувач на работата на Градот Скопје и јавните претпријатија ќе можат да ни ги пренесат проблемите со кои се соочуваат жителите на општина Аеродром, да предложат начини за надминување на овие проблеми, како и да дадат предлози на нови проекти со кои би се подобрил животот на жителите на Аеродром – кажа градоначалникот Трајановски.
Трајановски упати апел до жителите на општина Аеродром доколку имаат кабаст отпад истиод да го одложат во специјалните контејнери кои се поставени на повеќе локации на територијата на општина Аеродром.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, ја поздрави оваа акција како и средбите коишто се одржуваат со урбаните и месните заедници, коишто, според него, изминативе 4 години дале добри резултати. Тој потенцираше дека соработката на општина Аеродром со Градот Скопје и јавните претпријатија на Градот Скопје се на високо ниво и дека истите и во иднина ќе се развиваат за да се подобри животот на жителите на оваа општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)