На интернет се појави снимка од злоставување на една ученичка во Техничкото училиште во Аранѓеловац, Србија по што следуваше акцијата на владата за санкционирање на ваквото однесување. Реагираше и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој го осуди агресивното однесување.
-Недопустливо е вакво насилство, бидејќи тоа може да остави големи последици врз децата кои се изложени на малтретирање, рече тој.
Полицијата, како што наведе тој, во соработка со надлежното обинителство ќе ги преземе сите мерки за решавање на случајот.
-Мораме да испратиме до целото општество порака дека вакви работи не се прифатливи и дека нема да бидат толерирани, рече Стефановиќ во пишана изјава до медиумите.
На снимката можат да се слушнат извици од други ученици кои се смеат, а во малтретирањето предничи една ученичка која во еден момент вика: Дали ти е јасно?
Според соопштението на Јавното обвинителство веќе е покрената постапка против тројца ученици кои имаат по 15 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


