Од раководството на клубот од „Олд Трафорд“ сметаат дека Жозе Мурињо наскоро ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на ПСЖ.
Како што пренесува британски “The Sun”, директорите на Манчестер Јунајтед речиси сигурни се дека Жозе Мурињо ќе го напушти клубот идното лето, а споменатиот медиум пренесува дека Португалецот веќе преговарал со управата на ПСЖ да се пресели на клупата на „Паркот на принцовите“.
Иако Мурињо тврди дека е лојален на Манчестер Јунајтед, сепак според изворите на “The Sun”, тренерот на „Црвените Ѓаволи“ отворено „флертува“ со богатите сопственици на парискиот клуб.
Англиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо ќе ја напушти Англија поради огромната конкуренција за врвот, но и затоа што Манчестер Сити на Пеп Гвардиола изгледал премногу моќно за некој да може да му се спротистави во следните неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“