Четворицата ослободени во „Кумановскиот случај“ може да се жалат и да бараат надомест на штета тогаш кога ќе завршат сите судски постапки, објави „Алстат-М“.
Одлуката за нивно ослободување е правосилна само ако обвинителството не поднесе жалба до Апелациониот суд. Адвокатот на еден од обвинетите, Асмир Алиспахиќ, најавува барање за надоместок за неговиот клиент, кој беше во притвор две и пол години.
Ослободениот Бесник Ајдини изјави дека ќе побара надоместок за толку долгиот притвор.
– Парите се ништо, во споредба со семејството. Две и пол години сум тука и се чувствувам многу лошо, далеку од семејство, од децата – изјави Бесник Ајдини- ослободен од притвор.
И другите ослободени соопштија дека ќе бараат надомест на штета. Обвиненијата против овие четири лица за тероризам и за терористичка организација се отфрлени од страна на судот поради недостаток на докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.