| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов и СДСМ удрија по сиромашните: Ќе забранам возење на постари автомобили! (видео)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска по средбата со скопските градоначалници најави дека ќе се мапираат возилата и оние кои повеќе загадуваат нема да смета да се вклучуваат во сообраќајот во деловите од зимата кога Скопје ќе биде најзагадено.

Тоа значи дека ако имате постар автомобил кој повеќе загадува нема да смеете да го управувате во деновите кога е најзагадено.
Градот планира да направи база и да ги рангира сите автомобили и да ги подели во групи, па во зависност од нивото на загадување да се дозволува или забрани нивно учество во сообраќајот.
Тоа значи дека во периодите кога е многу загадено автомобили ќе можат да управуваат само побогатите граѓани кои имаат пари да купат автомобили со пониска емисија на загадување. Според Шилегов ова е подобро решение од пар-непар.

Шилегов: Возилата ќе добијат налепници – кога е загадено ќе во…

Шилегов: Возилата ќе добијат налепници – кога е загадено ќе возат само нови коли

Posted by Press24.mk on Mittwoch, 8. November 2017

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top