Пред 39 години во болницата во Молдавија медицински сестри поради забуна направиле страшна грешка кога две тукушто родени девојчиња, Валентина и Татјана ги замениле и ги дале на погрешни родители.
Сестрите бебињата ги помешале при бањањето, а во наредните месеци бебињата покажувале раздразливост, немир и проблеми со исхраната, а мајките сметале дека станува збор за типични болки кои ги мачат новороденчињата. Ни во сон не можеле да замислат дека бебињата не се нивни.
Во меѓувреме гласините дошле до родителите на Татјана, но не ги сфатиле сериозно се до 1999 година. Таа година, требало да се преселат да живеат во САД, и тогаш еден сосед, кој ги познавал двете семејства, ја спомнал приказната за замената и како девојчињата физички личат на своите вистински родители.
Семејството на Татјана одлучила да го побара другото семејстов пред да замине од земјата, но без успех. Секој пат кога доаѓале во Молдавија на посета, се обидувале да стапат во контакт со семејството за кое се сомневале дека ја одгледува нивната биолошка ќерка.
Во август оваа година дошле до големото откритие кога соседот и го дал презимето на Валентина па Татјана ја побарала на Фејсбук.
Полни 39 години од страшната забуна родителите се најдоа и го запознаа своите биолошки ќерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)