Дем Шеху, еден од осудените за терористичкиот напад во кумановски „Диво Насеље“, на својот фејсбук профил напиша дека е горд што го направил терористичкиот чин и дека сигурно нема да ја одлежи доживотната робја, затоа што земјата во која лежи затвор нема да постои до тогаш.
Симптоматично е што Шеху фејсбук статусот го пишува од затворската ќелија, што значи некој му овозможил да користи мобилен телефон во затворот иако во затворите е забрането користење на електронски уреди од страна на затворениците.
Во прилог целиот негов фејсбук статус:
Нема поубава емоција отколку растурање на бандитската и Антиалбанска влада на Груевизмот!
Значи, ние на овој начин пееме на Албанија внатре во овие простории!
Бидете сигурни мои сонародници дека, како што ја срушивме Антиалбанската пирамида на Груевски, ќе ги срушиме и ѕидовите на овие ќелии!
Посилен сум од било кога порано и горд сум колку самата гордост.
На овој начин ќе им пееме на Албанија и на моите соборци!
Бидете сигурни дека големината на живот на ова вештачка држава не е доживотна колку што не осудија!
Хахахахах
Се смеам од срце, затоа што го знам епилогот на иднината на оваа земја:
16.800 квадратни км ќе се вратат на Албанија како што беа од 1888 до 1913 година.
Ова беше волјата и целта на воините во Диво Насеље!
Нема поубава емоција од жртвување за достоинствена работа!
Слава на хероите на Татковината!
Им благодарам на вујко ми и на сите мои сонародници!
Бог да ја благослови АЛБАНИЈА,
Бог да ја благослови САД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.