Раде Шербеџија со својот оркестар „Западни колодвор“ викендов во Скопје, ја наполни салата на Македонската опера и балет со многу музика, романтични стихови и шарм, а салата бепе исполнета до последното место.
Гости му беа од светот на филмот и музиката: Каролина Гочева која на крајот во живо ја изведе „Со маки сум се родила“, Јана Стојановска која заедно со Раде ја изведе „Елено, ќерко Елено“, како и Гарабет Тавитјан и синовите кои покрај заедничката изведба имаа и одлични моменти за импровизација на сцената.
„Западни колодвор“ е бенд составен од академски музичари, професори, кои одлично го дополнуваа неговото рецитирање.
Публиката уште при неговото излегување на сцена го поздрави со овации и громогласен аплауз, а во текот на концерото неколкупати од публиката се слушаа извици: „Браво, мајсторе!“
Следуваа музички нумери од новиот албум, но и постари песни кои наизменично ги пееше и ги рецитираше. Љубителите на поезијата и на стиховите и гласот на Шербеџија уживаа во бавните песни исполнети со љубов и вино. Публиката со аплауз ја наградуваше секоја негова рецитација и песна. Иако концертот траеше цели два часа, Раде на својата верна публика на крајот и го подари славниот рецитал „Не дај се Инес“.
– Прекрасно се чувствувам во Скопје. Ивде секогаш се гледам со моите пријатели, еве вечерва до овде ме испрати мојот пријател, режисерот Милчо Манчевски. Во Скопје секогаш сум со своите пријатели, Македонија ми е посебна и баш убаво ми е тука, рече Шербеџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија
-
Славниот актер Раде Шербеџија се најде зад решетки
-
Албанците му пакуваат афера на Шербеџија: Измислија дека ќе го глуми терористот Адем Јашари!


