Во интервју за црногорскиот медиум – АнтенаМ, Заев вели дека се бара ново име на државата, промена на историјата и македонските топоними. На новинарското прашање дали со цел остварување на македонските евроатлански аспирации ќе се прави ревизија на историјата Заев одговори:
– Ревизија…Кога се зборува за ревизија тогаш се мисли пред се да пазиме на пријателствотото. Да не употребуваме зборови како непријателство. Еве направивме ваков обид со Бугарија, таму стои бугарски фашистички окупатор од Втората Светска војна. Може да биде фашистички окупатор ако градиме пријателство да пазиме околу тоа и такви други работи.
– Кога се работи за оној дел на Егејска Македонија они велат северна Грција тоа е дел од Европа, да пазиме околу тие работи и зборови кои ги употребуваме. Но она што е многу важно – ние имаме проблем со името. Многу е важно да се фокусираме на проблемот кој Грција го има со нашето уставно име. Верувам дека ќе најдеме ново име и начин како да го употребуваме и какво тоа ќе биде. На крај она што е многу важно за нас да најдеме решение за името затоа што не само што добиваме покана за членство во НАТО туку и старт на преговорите со Европската Унија, истакнал Заев за црногорското радио.
Заев не само што ќе ја менува историјата и ќе го избрише бугарскиот фашистички окупатор од учебниците, тој ќе ги менува и македонските топоними за да и удоволи на Грција, но сепак крајната цел ќе биде промена на името.
Медиумскиот спин од медиуми под контрола на власта каде од интервјуто на Заев за ,,АнтенаМ’’ ја потенцираа изјавата дека му се подготвува ликвидација, која очигледно беше со цел да се отргне фокусот на јавноста од скандалозната изјава на Заев каде конечно призна за што е доведен на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)