Во САД овие неколку дена се измерени поларни температури, а во сојузните држави Илиноис, Минесота, Северна Дакота, Висконсин и Мичиген поради студениот бран којшто го зафати САД, температурите се спуштија и до -37 степени.
Заладувањето на голем дел од територијата на САД се должи на арктичкиот циклон, што пред неколку дена се спушти од Канада, каде на некои места температурите достигнаа до минус 40 степени.
Властите на голем број градови отворија специјални топли засолништа кои нудат помош на граѓаните.
Лошото време предизвика голем број катастрофи на патиштата. Во Охајо едно 12 годишно момче загина во верижен судир на 80 автомобили. Вчера во државите погодени од студениот бран беа затворени некои автопатишта.
Според синоптичарите арктичкиот циклон се движи кон источните делови на САД. Тој веќе се чувствува во државите Њујорк и Њу Џерси. Во Менхетен вчера беше минус 15 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.