Џинобили одигра одлична партија, Сан Антонио шутираа со неверојатни 60% прецизност во петтиот натпревар од финалната серија за победа од 3-2 врз Мајами. Аргентинецот во претходните натпревари не придонесе ништо посебно за својот тим, но затоа на овој натпревар постигна 24 поени и 10 асистенции.
Паркер додаде 26 поени, Данкан 17 поени и 12 скока, а неверојатниот Дени Грин даде 6 тројки за вкупно 24 поени и нов рекорд во постигнати тројки на една финална серија. Грин досега погоди 25 тројки против Мајами во овие пет натпревари, а ќе има барем уште еден натпревар и можност за дополнително да си го зголеми рекордот. Претходно овој рекорд го имаше Реј Ален со постигнати 22 тројки во финалната серија против Лејкерс во 2008 година.
На другата страна, Леброн и Вејд постигнаа по 25 поени, Бош додаде 16, Реј Ален погоди 4 тројки, но сето ова не беше доволно за разиграните Сан Антонио.
Следниот натпревар се игра во вторник, а ако тогаш не победат Спарс, тогаш ова ќе биде прв седми натпревар по мајсторката од 2010 кога Лејкерс ги победи Селтикс.
httpv://www.youtube.com/watch?v=6tG4jnwL28o
Сан Антонио Спарс – Мајами Хит 114-104 (3-2)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)