| четврток, 6 декември 2018 |

Првата дама на ИСИС: Раѓав деца за да бидат терористи, а потоа сè се промени (Видео)

Нашите сништа беа да имаме своја земја, да основаме семејство и да ги тренираме децата да бидат убијци, војници, да одат во џихад, рекла 33-годишната Тања Георгелас, зборувајќи за својот брак со Џон Георгелас, Американец кој преминал во ислам и стекнал висока позиција во исламистичките кругови.

Тања во Далас сега посетува црква со момчето Крег и се радува на животот во кој своите деца ќе ги воспита водејќи се по други приоритети. Го опишала својот пат од Англија до Сирија и конечното враќање во Америка. Како девојка живеела во Лондон.

Нејзиното семејество е со потекло од Бангладеш, па често поради тоа, вели, трпела омаловажување. Нападот на кулите Близначки на 11. септември 2001. година за неа, вели, бил моментот кога се радикализирала.

“Имав 17 години кога сите гледавме како се рушат зградите.

Следниот ден во училиште и кажав на една пријателка – Нели е страшно ова што се случи? – а таа ме погледна и кажа – “Дали е навистина?”. Во тој момент станав многу џихадистички настроена”, вели Тања.

Џон го запознала преку интернет, а заедно сонувале за калифат.

Неколку години по протестот поради војната во Ирак, кај некои мажи видела листови со адреси, а на некои имало и списоци со интернет сајтови. На еден од нив го запознала Џон, син на доктор во американската војска.

Џон имал проблематична младост, бил исфрлен од училиште бидејќи бил наркоман. Кратко по 11. септември се преобратил во ислам. Парот се заљубил разговарајќи за џихад и за сништата за калифат. Се венчале во 2004. година. Имале три деца, а четвртото било на пат, кога во 2013. година почнале да разговараат за приклучување кон ИСИС во Сирија.

“Џон сакаше да оди во Сирија, но јас реков дека не сум подготвена. Не сакав да одам додека децата се уште мали”, рекла Тања.
Но, сепак отишле. Тања била во петтиот месец од бременоста, а со себе ги понеле и трите мали деца.
“Тогаш имав деца само поради една причина, а тоа е да можат да му служат на Бога како муслимани, како муџахедини”, признала таа.

По неколку дена во Сирија, таа и децата се разболеле. Џон прифатил да се вратат во Тексас, а во тоа и помогнале неговите родители. Кога се вратила од Сирија со децата, Тања побарала развод. До денес Џон се наоѓа во Сирија. Тој е Американец со најголема моќ во ИСИС.

Тања по некое време повторно се одлучила да се приклучи на интернет страните за пронаоѓање на парови. На една оставила порака, а ја изненадил одговорот што го добила.

“Имам четири деца, сопругот ме остави за да стане следен Осама Бин Ладен. Добив 1.300 одговори”, вели Тања.

Набрзо го запознала своето сегашно момче Крег. Тој ја запознал со своите вински подруми, па се преселиле во руралниот дел на Далас. Заедно одат во црква.

“Ми кажа се во нашиот прв разговор. Ми кажа дека сопругот и е член на ИСИС, а јас реков дека тоа не ми пречи”, вели Крег.

Тања е среќна, децата и се здрави и паметни, а најважно е што ја напуштила Сирија. Голема желба и е да работи во програми за дерадикализација, со поранешни терористи.

“Успеав да заминам од Сирија, а моите деца се среќни, здрави и паметни”, рекла Тања.

Точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top