| четврток, 6 декември 2018 |

Ужива во белградските ноќи: Швајнштајгер во диско со шурата, Ана Ивановиќ дома со родителите

Додека медиумите од соседството на големо пишуваат дека Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер очекуваат принова, парот деновиве стигнал во Белград. Откако вчера биле на вечера со семејството на Ана, таа си заминала дома со своите родители, а германскиот фудбалер се упатил во белградските ноќни клубови со нејзиниот брат Милош.

– Голем број од присутните во клубот беа изненадени од тоа колку беше тој отворен и достапен за сите кои сакаа да се сликаат со него, а колку што забележав, подели и доста автограми. Воопшто не глумеше ѕвезда, а обезбедувањето беше во негова близина цело време, па дури и го пратеше до тоалетот, изјавил еден од вработените во клубот каде синоќа бил гостин Швајнштајгер.

– Беше одлично расположен и секако дека остави бакшиш. Испија неколку шишиња пијалок, испушија неколку пури, ништо претерано. Бастијан не дозволи никој да плати од оние што беа со него на масата, а се на се сметката им беше околу 500 евра, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top