| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Рихард Риккон на „Есенски музички свечености“

Во рамките на манифестацијата Есенски музички свечености концерт ќе одржи Рихард Риккон од Словачка, кој на пијано ќе изведе дела на Ф. Шопен: Nocturno – cis mol; А.И.Вебер/Р.Риккон: Концертна парафраза на тема „Memory“ од мјузиклот „Cats“; Ф.Лист/Р.Риккон: La Campanella; Ф.Шуберт/Р.Риккон: Ave Maria; Ф. Лист: Sonet de Petrarca 104; Ф. Лист/В. Хоровиц: Rakoczi March; З.Фибих/Р.Риккон: Поема; A. Дуранд/Р.Риккон: Концертна парафраза на тема „Erste Walzer“.

Рихард РиКкон е светски пијанист кој живее и работи во Братислава – Словачка. Роден е во семејство
со долгогодишна музичка традиција. Започнува да свири на пијано на четиригодишна возраст, а првата
награда ја добива само на пет години, а на шест години е победник на „Барток“ натпреварот.

Во 2000 година дипломирал на Универзитетот за изведувачки уметности во Братислава. За време на своите студии тој го збогатува своето знаење со две годишни студии и на „Супериор“ конзерваториумот во Париз. Втората диплома од колеџ ја стекнува во Париз во класата на водечкиот Еуген А. Рубинштајн. Посетувал мастер класови кај Лазар Бернард и Халина Черни Стефанска.
Настапувал со бројни реномирани музички ансамбли и музичари од Словачка но и со странски музичари.
Активно музицира како концертен пијанист и на дела од пијанистичката литература но и на импровизации
и аранжмани на веќе добро познати дела, создавајќи нетрадиционални изведби со транскрипции на познати
песни. Риккон е организатор на бројни хуманитерани концерти. Правел концертни турнеи низ Мексико,
Тоскана, Африка, Грција, Русија, Канада, САД, Шведска, Норвешка, Финска, Франција и други држави. Има
издадено неколку носачи на звук за кои има добиено „Аурел“ наградата. Член е на повеќе жири комисии на
натпревари во Индија и Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top