Имаме осомничено лице, трагаме по уште едно лице кое најверојатно му помагало на осомничениот убиец, обезбедени се сведоци и ги преземаме сите мерки за пронаоѓање на осомничениот за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев (28), велат од МВР, објави „МКД.мк“.
Официјално од МВР не се откриваат детали од истрагата. Нема потврда ниту чие било оружјето најдено на местото на убиството. Се чекаат резултатите од вештачењата и обдукцијата, снимките од безбедносните камери и податоците од мобилниот телефон на Јанушев.
Убиството се случи во петокот вечерта околу 18 часот на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром кога Јанушев излегувајќи од зградата каде што живее беше застралан во главата со неколку куршуми.
Очевидци го препознале убиецот, идентитетот веднаш го кажале на полицијата, но оттогаш тој е во бегство. Неофицијално, се работи за лицето Р.Т., човек од скопското подземје за кого полицијата има дебело досие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи