Заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Власте Димковиќ од Српската партија, во саботата е исклучен од партијата, а ќе се побара и негово разрешување од Владата затоа што работел против интересите на сопствената партија и коалицијата на СДСМ на локалните избори.
Димковиќ, кој доаѓа од општинскиот одбор на Старо Нагоричане, за изборите не се согласувал со одлуката на коалиционите партнери кандидат за градоначалник да биде Жаклина Јовановска, па во првиот круг дал подршка на градоначалникот и листата на советници на Јанко Бачев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.