| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Напаѓач пукал во црква во Тексас, најмалку 27 мртви (Видео)

Најмалку 27 луѓе загинале откако вооружен маж отворил оган во црква во американската држава Тексас додека траела неделната служба.

Нападот се случил во округот Вилсон, во градот Сатерленд Спрингс.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен. Тој влегол во црквата во 11.30 часот по локално време и почнал да пука.

„Деталите не се јасни, но тоа што го знаеме е дека има 27 починати и 20 до 25 повредени“, изјавил полициски претставник.

Засега нема информации за мотивите на убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top