
Според електронскиот систем за јавна набавки, министерството за одбрана троши повеќе од 4 милиони денари за набавка на кекси.
- oвесни кекси со чоколадни парчиња предвидени се 633.333,33 денари
- oвесни кекси со мед и суво грозје 633.333,33 денари
- кекси со чоколадни парчиња 550.000,00 денари
- кекси со какао и чоколадни парчиња 000,00
- кекси со интегрално пченично брашно и какао 785.714,29
- кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на портокал 571,43
- кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на вишна 428.571,43
Најповолна понуда дала фирмата „ДАУТИ КОМЕРЦ“. Друштво за производство, промет и услуги увоз-извоз АД село Бојане, но конечната одлука се’уште не е донесена, според објавата за јавни набавки.
Договорот со набавувачот треба да биде склучен за период од една година. Огласот е објавен на 26 септември, годинава, а краен рок за понуди бил 17 октомври, годинава.

Според критерумите наведени во огласот, економскиот оператор треба да достави изјава дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари, потврда дека не е отворена постапка за стечај, за ликвидација, за платени даноци, придонеси, потврда од Регистарот на казни, дека нема забрана за вршење на професија, документ како доказ за регистрација во регистарот на објекти и оператори со храна издаден од Агенција за храна и ветеринарство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името


