Малолетникот влегол во обложувалницата синоќа околу 23 часот со качулка на главата и син шал. На вработениот кој во моментот го чистел објектот му се заканил со нож и од фиока од работната маса одзел околу 20 илјади денари, а потоа набрзина избегал.
„За кусо време, извршителот на разбојништвото е идентификуван и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи Тетово лишен е од слобода. Станува збор за седумнаесетгодишен малолетник од Тетово, кој и претходно било инволвиран во вакви или слични криминални активности“, изјави портпаролот на СВР Тетово Мајран Јосифоски.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.
Полицијата регистрираше тешка кражб и во викендича во тетовското село Отуње. Непознати сторители на 28-ми минатиот месец, насилно ја отвориле дрвената влезна врата, од внатрешноста одзеле 5 вреќи со околу 300 килограми костени, причинувајќи вкупна материјална штета која се проценува на 18 000 денари. Се работи на расветлување на пријавеното и откривање на сторителите.
Од вкупно 345 тешки кражби кои се случиле во полошко за изминативе девет месеци, 147 биле во куќи и станови, 36 во продавници, 20 во моторни возила, 5 таканаречени дрски кражби и 45 обиди за тешки кражби. Во овие кражби предизвикана е материјална штета во вкупен износ од над 32 милиони и 840 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?