Продолжуваат и обвинувањата против еден од најмоќните актери изминативе десетина години, Кевин Спејси.
Откако актерот Ентони Реп, откри дека на 14-годишна возраст бил сексуално малтретиран од Спејси, почнаа да доаѓаат нови пријави за сексуално вознемирување.
„Си-Ен-Ен“ објави дека најмалку осум члена на екипата на популарната серија „Куќа од карти“ во која Спејси го глуми фиктивниот американски претседател Френк Андервуд, биле сексуално малтретирани од актерот. По обвинувањата на Реп, Кевин Спејси беше обвинет и од актерот Роберто Кавазос како и од продуцентот Тони Монтана.
Неименуван асистент на продукција за Си-ен-ен рекол дека за време на првите епизоди од серијата Спејси сексуално го нападнал и му ја вовлекол раката во панталони. Асистентот го опишал однесувањето на Спејси како „предаторско“, а целта обично му биле млади и машки продукциски работници.
– Ме притисна во ќош и почна неприкладно да ме допира. Не ме пушташе да излезам. Му реков ‘ова не ми е океј, не се чувствувам пријатно’. Потоа стана видно вознемирен, истрча назад кон својот автомобил и тој ден не се врати на снимање. Инцидентот не го пријавив во полиција, но му кажав на еден од моите претпоставени. Сè што добив беше тоа што го сменија распоредот за снимање за ние двајца никогаш веќе да не се најдеме сами – рече тој.
Овој асистент е еден од седумте члена на екипата на серијата што велат дека поради Спејси снимањето било „неподносливо, во токсична атмосфера“.
„Сите членови на екипата знаеја и сите коментираа за неговото однесување, но никој не направи ништо. Она што мене најмногу ме повреди беше фактот дека сите пред снимањето требаше да потпишеме договори дека нема да се однесуваме несоодветно, а тој очигледно ниту потпишал нешто, ниту се придржуваше до правилата. Кој нам би ни верувал? Ние бевме само асистенти и можевме само да добиеме отказ“, рече друг член на тимот, кој работел како асистент на камера, кој бил сведок на однесувањето на ѕвездата, но никогаш не бил напаѓан од него.
Член на екипата што работел на серијата сите шест сезони за Си-ен-ен рекол дека Спејси постојано сексуално го напаѓал и го допирал.
Поранешна асистентка на продукција, која работела неколку сезони на „Куќа од карти“, рекла дека била сведок на сексуалното недолично однесување на Спејси со членовите на екипажот.
– Сите знаеја дека Кевин е безобразен, а мажите со кои работев се жалеа дека им е непријатно – рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да се води судски процес против холивудскиот актер Кевин Спејси
-
Американскиот актер нема дерман – нови обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси
-
Му се пуштал и на кралскиот зет – уште едно обвинување за Кевин Спејси!
-
Ридли Скот го „избриша “Кевин Спејси од веќе завршениот филм „Сите пари на светот“