| четврток, 6 декември 2018 |

Кевин Спејси нема веќе да глуми и ќе оди да се лечи

По обвинувањата за сексуално вознемирување кон Кевин Спејси, тој соопшти дека се повлекува од глумата и оди на лекување.
Гласноговорникот на глумецот изјави дека тој ќе се повлече на некое време, ќе побара неопходно стручно мислење и дека ќе оди лекување, но не прецизираше какво.
Освен Спејси, уште неколку филмаџии се соочуваат со обвинувања за сексуално вознемирување, а меѓу нив се Харви Вајнстин, Дастин Хофман и Брет Ретнер.
Двојниот оскаровец Спејси, деновиве беше обвинет дека сексуално ги вознемирувал режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп.
Во извинувањето кон Реп, Спејси и соопшти на јавноста дека „одлучил да живее како геј маж“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top