| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гознзалез откри до кога ќе ја води македонската репрезентација

Информацијата дека Раул Гонзалез ќе го напушти Вардар по крајот на актуелната сезона и ќе го преземе француски ПСЖ е топ тема на европската ракометна сцена, а истата е потврдена и од Вардар, но и од самиот Раул. Во изјава за француски медиум, шпанскиот стручњак го навести новиот предизвик и преселбата во Париз.

– Среќен сум што ќе можам да го водам ПСЖ наредните сезони, но тоа е се што можам да кажам во моментов. Се уште го предводам Вардар, а исто така ги почитувам и ракометарите и актуелниот тренер на францускиот тим, па не би сакал да зборувам за други детали.

– Париз е убав град, но за мене приоритет е ракометот. Ме радува и квалитетот на француското првенство кое заедно со Бундеслигата важи за најдобро во Европа, изјавил Раул Гонзалез.

Шпанецот вели дека ќе остане македонски селектор, а тоа секако е добра вест за македонските фанови.

– Планирам да ги комбинирам двете функции. Имам договор со македонската федерација до 2020 година и сакам да го испочитувам, вели Гонзалез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top