Вардар демонстрира надмоќност и ја продолѓува победничката серија во Лигата на шампионите. Вечерва „црвено-црните“ славеа против ППД Загреб (23-29) на гостински терен во загрепкса „Арена“ и се зацврстија на лидерската позција во групата А без пораз по првите седум кола во групната фаза од ЛШ. Загребска „Арена“ досега беше неосвоива за македонскиот шампион на четирите претходни гостувања во натпреварите од ЛШ. Но, вечервар четата на „командант Раул“ ја прескокна и таа пречка и не ја повтори ланска грешка кога прокоцкаа пет гола разлика и на крај остана без бодови.
„Завршивме добра работа во Загреб. Знаевме како е да се игра овде, добро се сеќаваме како беше минатата година и сторивме се тоа да не се повтори. Арпад Штербик беше извонреден како и нашата одбрана со која се разбира дека сум задоволен.Во првото полувреме постигнавме неколку лесни голови, направивме осетна предност која во вториот дел добро ја задржавме и дури ја зголемивме. Задоволен сум од победата и од играта што ја прикажавме“ – истакна Раул Гонзалес по триумфот во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.