Дијана Берченко е 22 годишна девојка која загина пред две недели кога со кола ја прегази 20 годишната Аљона Зајцева, ќерка на украински тајкун.
Несреќната Дијана до неодамна планирала венчавка, а сега ја погребаа во венчаницата во која требаше да го каже судбоносното да.
Семејството Бершенко е неуштешно затоа што Дијана не е единствената која страдаше во оваа страшна несреќа.
Во сообраќајката загина и зетот на Дијана, 27 годишниот Саша, а нејзината постара сестра Оксана е тешко повредена. На неа се уште не и соопштиле дека сопругот и нејзината сестра се мртви.
-Замислете, таткото на убиецот ни понуди пари. Што да правам со нив? Да купам нови патики, што, кажете ми? Ништо не може да ми го врати моето дете, изјави ожалостениот и лут татко, 55 годишниот Игор Берченко.
Неговото разочарување го дели и Људмила Фарбис, на која богатата татина ќерка Аљона Зајцева и ја уби ќеркатa Ала и внуката Анастасија. На неа, како што кажа и се јавила 40 годишната Татјана Зајцева, мајката на Аљона, но Људмила одбила да се види со неа.
-Не сакам ништо од нив, никакви пари не можат да ја надокнадат загубата, кажа госпоѓата Фарбис.
Аљона Зајцева моментално е во притвор, во ќелија која ја дели со девет жени. Нејзиниот татко, олигархот Василиј Зајцев, се понуди на семејствата на жртвите од неговата ќерка да им уплати 1,1 милион фунти, надевајќи се дека така ќе ја намали или поништи затворската казна за неговата ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)