Млад Украинец, дел од групата „богати деца на Инстаграм“ одлучи да се забавува тероризирајќи ги граѓаните.
Од својата тераса на петтиот кат на зграда во центарот на Харков, украинскиот студент пукал во пешаците. Го усмерил пиштолот и испукал два куршуми кон улицата, а потоа три во воздух. Потоа се свртел и со насмевка на лицето на своите пријатели им рекол: „Некој ќе повика полиција“.
Ова богато и размазено момче, инаку припадник „златната младина“, како и групата „Богати деца на Инстаграм“, со своето пукање се пофали на Инстаграм. Полицијата го пронајде и уапси, како и тројцата негови пријатели кои во тоа време беа таму.
На среќа никој не е повреден, а на момчето му се заканува затвор од три до седум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)