| четврток, 6 декември 2018 |

„Доволно беше да сте маж помлад од 30 години и Кевин Спејси слободно да ве пипка по телото“

Мексиканскиот актер Роберто Kавазос, кој студирал глума во Велика Британија во понеделникот, на својот профил на фејсбук објави дека неговите средби со холивудската ѕвезда Кевин Спејси би можеле да карактеризираат скоро како силување.

Славниот актер беше обвинет од актерот Ентони Реп дека сексуално го нападнал кога тој имал 14 години. Спејси се извини, па потоа реши да ја отвори душата и да призне дека е хомосексуалец. Тогаш Спејси имал 26 години и двајцата работеле на бродвејски претстави.

– Ако сум жена, ниту еден момент немаше да се двоумам како да ги карактеризирам тие наши средби – напиша Kавазос, не прецизирајќи ни време ниту датум на нивните состаноци.

Мексиканскиот актер, роден 1982 година познат по улогата во филмот “Rush” од 2013 година напиша дека Спејси го запознал кога тој бил уметнички директор во еден лондонски театар во период од 2004 и 2015 година.

– Многумина меѓу нас имаат ’приказна со Кевин Спејси’ – напиша Kавазос, појаснувајќи дека било сосема доволно да сте маж помлад од 30 години и господин Спејси да се чувстува слободен да ве допира по телото.

– Тоа толку често се случуваше, така што имавме и интерна шега. Најчесто Спејси седеше во бифето во театарот, каде што некој од нас ќе му го привлечеше вниманието. Знам дека многумина момчиња се плашеа да му кажат да престане – ја продолжува приказната Кавазос, додавајќи дека се надева оти наскоро бројни колеги ќе се одважат и ќе ги раскажат своите приказни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top