Дидие Дешамп ќе продолжи да ја извршува функцијата селектор на Франција и по мундијалот во Русија, откако екс-тренерот на Јувентус и Марсеј денеска потпиша нов договор како кормилар на „триколорите“, со важност до 2020 година.
Челниците на Француската Фудбалска Федерација не го кријат задоволството од работата на Дешамп, па без оглед на загубеното финале на последниот европски шампионат на домашен терен, „триколорите“ му понудија на овој стратег продолжување на соработката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.