Кравата покажа дека има повеќе човечност отколку двете страшни личности кои можат да се забележат подоле во видеото. Кравата ги нападна додека го спроведувале убиството кое требало да биде извршено поради срамот кој девојката го нанела на семејството.
Убиството поради чест, се спроведува откако еден член од семејството или доколку станува група треба да биде казнета со смрт, од страна на семејството или поголемата општествена група, поради уверувањето дека жртвата им нанела срам или на семејството или на заедницата.
Најмногу се практикува во Северна Африка, Југозападна Азија и на Индискиот потконтинент.
Некои од делата, поради кои најчесто се случува убиството е поради честа но се случува и поради носење на модерна облека од страна на жртвата за која поширокото семејство има одбивност, потоа половиот однос пред бракот, хомосексуалниот однос, користење на модерна технологија (мобилни, компјутери и други работи), противење на договорениот брак, изборот на брачниот другар неприфатен од заедницата и друго. Сторителите се држат до принципите: „подобро да умре една личности отколку цело семејство да умре од срам“.
Муслиманските мажи во Индија пробале да ја убијат девојката затоа што побегнала со својот дечко без добивање одобрение од својот татко, вујко и постар брат.
„Убиството од чест“ е дело на одмазда, кое обично завршува со смрт, која се практикува со прободување или каменување, и се извршува од страна на машките членови од семејството против женските членови од семејството, кои наводно им нанеле срам во семејството.
Жените можат да бидат цел поради „убиство поради чест“ од страна на нејзиното семејство од разни причини, вклучувајќи и одбивање да влезат во договрен брак, ако се жртви на сексуален напад, ако бараат развод и од насилниот маж и поради наводната прељуба.
Самата сугестија дека жената се однесува на начин низ кој го посрамотила своето семејство често е доволно да покрене напад и да и го одземе нејзиниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


