| четврток, 6 декември 2018 |

Роботот Софија беше запрашан дали е свесна дека е робот, ова е одговорот (Видео)

Робот со женско лице и со име Софија доби државјанство од Саудиска Арабија и се укажува на тоа дека веќе сега има поголеми права од жените во таа земја, пишува британскиот „Индепендент“.

Роботот Софија е производ на компанијата „Хенсон роботикс“ од Хонг Конг и прв пат е прикажан на технолошката конференција „Идната инвестициска иницијатива“ во саудиската престолнина Ријад. Она што беше интересно е нејзиниот разговор со водителот на конференцијата.

Стоеше зад фоворницата и најнормално одговараше на поставените прашања, како вистинско човечко суштество.

Во еден момент водителот го праша роботот дали тие може да бидат свесни за себе и да сфатат дека се роботи.

Таа му одговори: „А како ти знаеш дека си навистина човек“?

Потоа ја запраша публиката дали навистина е толку застрашувачка, по што следуваше смеење.

Но, погледнете го тој момент на 1:50 на снимката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top