Украдени се пари од црквата „Свети Илија” во поткожувското кавадаречко село Горна Бошава. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски денеска информираше дека кражбата била пријавена вчера во кавадаречката полиција.
– Во периодот од 15-ти до 30-ти овој месец, од страна на непознато лице е влезено во црквата. Со погоден тврд предмет била отворена металната каса и од неа одземени пари оставени од верниците, соопшти Додевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.