Американската компанија „Нетфликс“ соопшти дека нејзината популарна серија „Куќа од карти“ во која главната улога ја толкува Кевин Спејси, ќе заврши со емитување на шестата сезона.
Ова уследува откако Спејси се соочи со тврдењата дека сексуално вознемирувал тинејџер пред неколку децении и првпат јавно соопшти дека е хомосексуалец, наведува „Асошијетед прес“.
Одлуката „Куќа од карти“ да заврши по емитување на шестата сезона чие снимање е во тек, е донесена пред неколку месеци, вели извор упатен во ситуацијата.
Американскиот актер Ентони Реп изјави дека Спејси се обидел да го заведе во 1986 година кога имал само 14 години, на една журка во станот на Спејси.
Тогаш 26-годишниот Спејси, пијан, наводно го кренал во раце и го ставил на кревет, но Реп, како што тој вели, сепак, успеал да се ослободи.
Реп реши да проговори за овој настан откако сексуалната злоупотреба во филмската индустрија се најде во центарот на вниманието на сметка на Харви Вајнстин.
Спејси, двоен добитник на „Оскар“ објави на твитер дека не се сеќава на таа ситуација, но му се извини на Реп и во истата порака наведе дека е геј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да се води судски процес против холивудскиот актер Кевин Спејси
-
Американскиот актер нема дерман – нови обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси
-
Му се пуштал и на кралскиот зет – уште едно обвинување за Кевин Спејси!
-
Ридли Скот го „избриша “Кевин Спејси од веќе завршениот филм „Сите пари на светот“