На 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“, Србија, македонскиот актер Никола Ристановски ја доби наградата најдобар актер за улогата Иванов во истомената претстава, продуцирана од Народно позориште Белград.
За Ристановски ова е 48 награда.
Стручното жири, во состав: Слободан Савиќ/претседател на жирито и театарски критичар, Душан Белача/писател и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да се додели на Никола Ристановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.