| четврток, 6 декември 2018 |

Бејли на ден на избори шета по избирачки места во Кисела Вода и Гази Баба – дали тоа е според меѓународни прописи?! (видео)

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, во текот на целиот избирачки ден шета по избирачки места низ општините Кисела Вода и Гази Баба.

Дискутабилно е што бара амбасадор на странска држава на избирачки места на ден на избори кога тоа е надвор од неговиот делокруг на работа и цел за која е акредитиран, но и во целосна спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи (ВКДО) која го регулира делокругот на овластувања кои може да ги има еден акредитиран шеф на дипломатска мисија.

Имено според член 3 од ВКДО се регулирани функциите на дипломатските  претставници.

Шетањето по избирачки места на ден на избори во државата каде е акредитиран амбасадорот не спаѓа во делокругот на надлежности на истиот и не е предвидено со мегународните прописи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top