| четврток, 6 декември 2018 |

Први табели од вториот круг: До 10 часот гласале 8 % од избирачите, погледнете ја излезноста по општини

 

Гласањето на 1.517-те избирачки места во 35 општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори до 10 часот се одвива непрекинато и без повреди, а гласачките места се отворени навреме, соопшти на првата прес-конференција денеска Државната изборна комисија (ДИК).

Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,09 отсто од обработени податоци од 1.516 избирачки места. Највисока е излезноста во Демир Капија, 22,47 отсто, а најмала во Студеничани 3,09 отсто.

До 11 часот ниту еден граѓанин нема поднесено приговор за заштита на избирачкото право, соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top