Фатална сообраќајна несреќа се случи денес во центарот на Белград, кога автомобил влетал во пешачката зона на улицата „Кнез Михајлова“ и удрил во летна бача на ресторан.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека инцидентот кој се случи во пешаката зона на Кнез Михајлов во Белград, не изгледа дека има врска со тероризам.
-Во овој момент тоа не изгледа како терористички напади, изјави Стефановиќ.
Тој посочи дека во овој момент може да се потврди дека возачот на автомобилот е приведен и оти бил во алкохолизирана состојба со 1,37 промили алкохол во крвта, што, како што рече, е сериозно пијанство.
Како што истакна, инцидентот се случил изутрината во 6:55 часот кога младо момче со возило се залетало во терасите на угостителски објекти во центарот на Белград.
Во инцидентот е повредена една девјока која работела во еден од објектите, а повреден и возачот. Двајцата се згрижени во Угентниот центар во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)