Во општина Старо Нагоричане денеска гласаат 22 болни и изнемоштени лица, информираат од ОИК Старо Нагоричане.
На утрешниот втор круг од шестите локални избори во Македонија, како што информираше, претседателот на ОИК, Драган Јовановски право на глас во оваа општина имаат 3.428 гласачи кои гласаат на 37 избирачки места.
Во општина Липково, денеска според заменик-претседателот на ОИК Оливера Цветковска, гласаат 259 болни и изнемоштени лица и две лица во куќен притвор. Како што соопштија од ОИК Липково, право на глас на утрешните избори имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.