| четврток, 6 декември 2018 |

Ако ви ги постават овие прашња на интервју за работа, слободно може да ги тужите!

На интервју за работа компанииите често знаат да ви постават одредени прашања поради кои може да не ја добиете посакуваната работа – а овие прашања се нелегални во поголемиот дел од светот.

Кај нас иако се уште нема конкретни примери за тужби поради некоректни прашања на интервјуто за работа, сепак и според нашиот закон е предвидено дека дискриминирање по било кој основ при апликацијата за работа е недозволено и казниво.

Компаниите не смеат да ги дискриминираат вработените според вера, пол, не смеат да бараат да сте немажени, без деца итн.

Прашање на интервју за работа на кое НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ да одговорите!

Во прилог следуваат единаесет прашања за кои можеби не сте знаеле дека се нелегални, а доста често се поставувани од компаниите за време на интервју. Ако ви се случи да ви биде поставено некое од овие 11 прашања едноставно одбијте да одговорите, не лажете во никој случај. Секако компанијата ќе ве одбие на интервју поради тоа, но токму со тоа го прекршува законот и ќе може веднаш да ја тужите.

Нелегалните прашања:
1. Дали некогаш сте биле уапсен?
2. Дали сте во брак?
3. Која е вашата религија?
4. Дали имате деца?
5. Од која држава сте?
6. Дали англискиот е вашиот мајчин јазик?
7. Дали можеби имате некои долгови?
8. Дали пиете алкохол во друштво?
9. Кога последен пат имате користено нелегални дроги?
10. Колку долго имаш работено?
11. Која е причината за вашето отпуштање од војска?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top