Каталонија од денеска е официјално независна држава, откако Парламентот со 70 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ и два пратеника воздржани, ја изгласа независноста која претходно на референдум ја изгласаа и Каталонците.
Десетина опозициски пратеници претходно ја напуштија салата во Парламентот, а меѓу нив беа и пратениците од Народната партија на шпанскиот премиер Маријано Рахот, кои пред излегувањет на своите места оставија шпански и каталонски знамиња, наведува АП.
Шпанскиот Сенат би требало во 15:30 по локално време (16:30) да гласа за членот 155 од шпанскиот Устав, кој овозможува преземање контрола на надлежностите на Каталонија, соопшти шпанскиот Ел Паис.
Како што се наведува, Народната партија на премиерот Рахој има мнозинство, така што се очекува неговиот предлог за активирање на овој член од Уставот да биде прифатен.
Седницата почнала во 10 часот, а весникот пренесува дека во еден момент Рахој ја напуштил седницата.
Инаку, откако беше прогласена независноста, во Каталонија се собираат голем број луѓе на улиците и ја прославуваат независноста за која претходно гласаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)