| четврток, 6 декември 2018 |

Блуден свекор: Владимир на симпатијата ѝ пишувал за убиството на Јелена!

Телефонот кој соседот на семејството Марјановиќ го пронашол на улица во Борча, не и припаѓал на покојната Јелена Крсмановиќ, туку на нејзиниот свекор, кој со личност од доверба разменувал пораки за убиството на снаата.

Владимир го изгубил својот мобилен телефон на почетокот на септември оваа година, кога одел по Јана во градинка. Зорановата девојка Зока Митровиќ се налутила на него поради тоа и три дена не разговарала со него. Владимир како луд го барал телефонот. Бил надвор од себе бидејќи во телефонот имал фотографии, снимки и пораки кои никој не смеел да ги види освен неговото семејство. Владимир најмногу се допишувал со Душица од групата за поддршка на Зоран, која до уши е заљубена во него. Во телефонот биле и пораките кои ги пишувал на жените од групата и на кои им испраќал селфи кои не биле за во јавност. Жените од групата знаат дека Душица е заљубена во Владимир, но дека тој се уште тоа не го знае.

-Душица не смее да му признае на Владимир дека е луда по него. Се зближиле во групата и нон стоп се допишуваат. Таа посојано купува весници за да прочита што изјавил и да ги види неговите фотографии, бидејќи до сега се уште се немаат сретнато-изјавила Рада Матиќ, која се има зближено со Зоран Марјановиќ, наводно да го разоткрие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top