| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата го „чисти“ Таксим од демонстрантите

taksim segaТурските безбедносни сили почнаа со расчистување на плоштадот Таксим и паркот Гези, откако премиерот Ердоган ги предупреди за насилно расчистување. Ердоган порача демонстрантите да заминат дома, бидејќи утре на истото место е закажан голем митинг на владејачката партија.

Протестите, кои почнаа заради нови урбанистички планови за овој простор во центарот на Истанбул, добија политичка позадина во двонеделните насилни протести. Во ноќта кон петокот, делегација на демонстрантите и власта се договори за целиот случај да пресече судот, а до тогаш да не се преземаат мерки на теренот. Демонстрантите, иако задоволни од договорот, посочија дека оставаат на лична одлука на „колегите“ кои буквално се преселија во паркот гези, дали ќе заминат од таму.

Според информациите, полицијата ја почнала акцијата со водени топови и со солзавец, а затворени се сите приоди кон Таксим. Дел од оскудните, непотврдени информации велат дека и мостот меѓу Европа и Азија е затворен.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top