На тенискиот турнир „Квинс клуб“ што се игра во Лондон на трева во финалето се пласира домашниот тенисер Енди Мареј и хрватот Марин Чилиќ.
Мареј во полуфиналето со 2-1 (4-6, 6-3, 6-2) го совлада французинот Џо Вилфред Цонга. Цонга поведе во првиот сет, но Мареј направи пресврт победувајќи ги следните два сета и со тоа се пласираше во финалето на турнирот кој важи за подготвителен за неофицијлното светско првенство Вимблдон.
Во второто полуфинале хрватот Марин Чилиќ исто така со 2-1 (6-4, 4-6, 6-2) го победи австралискиот ветеран Лејтон Хјуит кој покажа извонредна форма на овој турнир и со тоа покажа дека е рано за негово пензинирање од тенисот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


