| четврток, 6 декември 2018 |

Франција смета дека еврото е преценето

париЕврото е преценето и се заканува на економскиот раст на Европа, оценува францускиот министер за индустриски развој Арно Монтебур за шведското радио.

-Европа треба да стори како Јапонија. Еврото е преценето, се заканува на економскиот раст, а централната банка е премногу пасивна, вели тој.

Според него, еврото треба да соодветствува на доларот, како што беше на почетокот. Решението го гледа во печатење и пуштање во оптек повеќе евро-пари, а не се сложува со заканите за раст на инфлацијата:

-Да, од едноставна причина дека не постои некаков притисок во економиите денес, додава Монтебур

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top